Кети Пери и Орландо Блум на одмор на грчкиот остров Крф

За разлика од другите припадници на холивудската А-листа кои кога ја посетуваат Грција најчесто го бираат островот Миконос, актерката и пејачот се одлучија за островот Крф.

По првото појавување на црвениот тепих заедно во Монако, Кети Пери (33) и Орландо Блум (41) заминаа на одмор на грчкиот остров Крф.

На фотографиите тие изгледаат повљубено од кога било, а пејачката не може да ги тргне рацете од актерот.

Тие уживаа во прекрасните пејзажи на островот, а за оваа пригода Кети облече шик розов цветен стајлинг, додека Орландо беше во кежуал црно-бело издание.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*