Наум Петрески им посвети песна на сите ловци и риболовци

Вчера Наум Петрески, заедно со своите соработници, пријатели и иницијатори на овој најнов проект, ја промовираше песната и видеото посветени за сите ловци и риболовци.


Познато е дека пасија на нашиот пејач е ловот и риболовот, дружбите со ловџиите, неговите пријатели, познато е дека нивното секојдневие се убавите приказни, но овој пат отпеани во една емотивна песна со видо запис.
– Уште од мал со татко ми одевме на риболов. Од тогаш се сеќавам на првите денови со трската, покрај брегот на езерото, со мојот татко. Риболовот и ловот ми станаа љубов и пасија, освен музиката се разбира, па затоа многу емотивно го доживувам овој проект посветен на сите мои другари и пријатели, вели Наум.
Љупчо Стевковски – Труба , познат скопски угостител и ловџија повеќе од 20 години е иницијатор на целиот овој проект.


– Две години размислувавме како треба да звучи песната и да изгледа спотот. Му кажав во една прилика, при наша дружба во Богомила: Наум, досега имаш отпеано песни за сите Деспини, Јовани, за Лазарополе… мислам дека време е да отпееш песна и за нас. И ете сме денес, ја промовираме песната на чуварите на природата и планините, песната за сите ловци и риболовци, вели Љупчо.

 

Во продолжение погледнете го видеото и уживајте во песната.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*