Гавазова и Балкан Бенд снимија спот за „Камикази“

Опуштено, уникатно и позитивно, како што и прилега на оваа музичка „дружина“, момците од „Балкан бенд“ и Сузана Гавазова го снимија спотот за „Камикази“, која е нивна прва дуетската соработка.

– Спотот се снимаше неколку дена, на повеќе локации низ Македонија, но најинтересните сцени ќе бидат дефинитивно во Охрид, бидејќи снимавме сцени кои не само нас, туку и комплетно нашата музичкаиндустрија ќе ја доближат до она што го работат нашите балкански колеги. Зборуваме за квалитетот на песна и спотот. Се посветивме максимално. Месеци поминаа од почетокот на овој проект, велат момците од „Балкан Бенд“. Јахта, езеро, убави девојки, неверојатна трансформација на нашата фолк дива Сузе, која по малата пауза, токму со овој иден хит на голема врата и се враќа на музиката со момците кои рушат рекорди и бариери на музичката сцена кај нас, „Балкан Бенд“.

Промоцијата на спотот се очекува наското, откако ќе биде финализирано со снимањата на уште неколку сцени.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*