Песната “Јаничари” е белег на неговата досегашна кариера

Песната “Јаничари” заедно со видео записот даде еден целосен и конкретен печат на мојата целосна досегашна кариера, вели Бобан Цаневски во поглед на тоа колку е задоволен од тоа како е прифатена оваа песна заедно со видео записот зад кој застана ИН продукција. Бобан додава дека оваа песна буквално допира до секој македонец.

-Можам слободно да кажам дека “Јаничари” е песна која што даде еден белег на мојата досегашна кариера. Песна која што допира буквално до секој македонец, кој што живее во Македонија  и надвор од неа. Нема човек што не ја чул песната и не ми кажал дека е одлична. Голема пофалба за ИН , направија прекрасен спот, одбраа локации каде што јас едноставно пеев и се движев а тие ја одработија целата работа, истакнува Бобан.

Бобан помеѓу другото има и нова песна, односно љубовна балада а во периодов кој следува најавува реализација на еден поголем проект со кавери на етно македонски песни.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*