Џеј Ло падна среде концерт

Џенифер Лопез минатиот викенд одржа концерт во Лас Вегас и освен на нејзините песни и танцување, обожавателите ќе се сеќаваат на овој настап поради уште една работа.

Имено, додека ја изведуваше песната Dance Again, пејачката одеше по работ на сцената подавајќи им ги рацете на одушевените обожаватели, но во еден момент таа очигледно се наведна премногу и ја изгуби рамнотежата и падна на задникот. И тоа една минута пред да ја изведе песната On The Floor.

Иако пејачката побргу стана отколку што падна, камерите успеаја да снимаат сè, па Џеј Ло набргу стана заразен хит.

Пејачката се чини веднаш заборави на незгодата и по настапот продолжи да се дружи зад сцената со Џесика Алба, Софија Вергара, Дуо Липа и многубројни познати личности.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*