Ријана назначена за амбасадор на Барбадос

Карипската ѕвезда Ријана беше назначена како амбасадор на нејзината земја Барбадос.

Според изјавата на владината канцеларија за односи со јавност на Барбадос, оваа позиција се одликува со конкретна одговорност за промоција на образованието, туризмот и инвестициите на овој карипски остров.

Ѕвездата стана културен амбасадор во 2008, промовирајќи го туризмот.

Но, новата титула доаѓа со зголемени одговорности.

Таа сега ќе има целосна моќ за индивидуална акција во име на владата да ги промовира вредностите на Барбадос.

Пејачката изјави дека е горда и со задоволство ќе ја извршува оваа престижна функција.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*