Погледнетего најновиот спот “Јанкулица” од Рубинчо Благадуша

Изминатиов период фолк пејачот Рубинчо Благадуша беше доста активен на музички план. Тој во соработка со ИН продукција реализира три видео записи за негови нови песни. Рубинчо е задоволен од реализираното , но и од тоа како песните се прифатени првично од страна на слушателите по радио станиците.

-Минатиот период со Ин продукција снимивме три видео записи за песните “9 картала”, “За тебе пеам родино” и “За Јанкулица”. Мислам, бидејќи тие во моментов се пуштени на Ју Тјуб исто така како аудио се пуштени по нашите македонски радија, доаѓаме до сознание дека се прифатени од нашата публика засега многу добро, вели Рубинчо.

Рубинчо е задоволен од остварената соработка и снимените видео записи во кои се преплетуваат различни и специфични места од нашата земја.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*