Викендов во Крушево по 22-ри пат “Еврофест 2018”-во чест на Тоше

Годинава по 22-ри пат ќе се одржи Интернационалниот фестивал на забавни мелодии “Еврофест 2018” –чествување за незаборав на Тоше. Во негова чест ќе пеат победниците и лауреати на европските фестивали,

како Дона Александрова од Русија, Јорданка Христова од Бугарија, Натали Дениз-Украина, Ана Стефановиќ –Србија, Бенџамин Хасиќ- Босна и Херцеговина, Јулијана  Арнаут- Молдавија, Александар Војтик- Белорусија, Витали Органџи-Грузија, Ѓоко Ѓорчев- Македонија. Во класата хит мелодии национален конкрус ќе настапат: Ѓоко Ѓорчев, Серафина Фантаузо, Захари Чернев- Бугарија, Маргица Антевска, Рената Блажевска, Мери Тодорова-Младеновска, Глигор Гошев, Добрила Чабриќ Ивановска-награда за животно дело.

Главни организатори на овој настан се Катерина Стојановска Десковска и Костадин Костадиновски кои постојано работат за уште едно беспрекорно фестивалско издание.

Еврофест 2018 ќе се одржи престојниов викенд на 28 и 29 септември во амфитеатарот првата вечер со почеток во 17 часот , а втората во Салата при Домот на АРМ во Крушево со почеток во 20 часот.

Спонзори на настанот се МИнистерство за култура, Адора инженеринг, Комерцијална банка, Тинекс, Дом на АРМ, БИС инжинеринг, Раде Кончар, Амтекс, Мактек, Енергомонт, хотел ВИП, Протерм-Псам, Ф-Какарпош, Механотехника.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*