“Маестралци” најавуваат нова блиц турнеја во Шведска

По неодамнешната турнеја во Америка, битолскиот оркестар “Маестрал” најавуваат повторно кратка, овојпат европска турнеја. Тие најавуваат, како што велат блиц турнеја до Шведска, пред тамошните македонци.

-Сеуште имаме свирки, тие не завршуваат тука. Резервирани сме некаде до крајот на месец ноевмри. Имаме фамилијарни веселби. Следно што ќе се случи е една кратка блиц турнеја до Шведска, во Трелеборг на 6,7,8 октомври. Благодарност и до организаторите во Трелеборг . досега не сме биле во Шведска, ова е прв пат , мислам дека ќе си поминиме преубаво, истакнува Иле.

Инаку што се однесува на музички план, оркестарот “Маестрал”  зад себе има издадени 4 албуми со македонски песни. Планираат подготовка на нов материјал при крајот на оваа година. За скоро можеби не е на повидок нов албум, но сепак ќе има нова песна, додава Иле.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*