ЏАСТИН БИБЕР СЕ ОЖЕНИ СО ХЕЈЛИ

Идолот на милиони тинејџери, Џастин Бибер се ожени со неговата вереница Хејли Болдвин. Тие се венчале во четвртокот, само два месеци, откако Џастин и предложи брак на Хејли.

Нивната веридба беше изненадување и за фановите и за нивните семејства. Парот беше во врска, но се разделија во 2016 година, по што многу брзо двајцата продолжија со нови романтични односи. Од пролетва тие се повторно заедно. Интересното е дека дури и по нивната разделба во 2016 година, Џастин отворено изјавуваше дека се уште ја сака Хејли.

„ Не сакам да брзам и да започнам нешто ново. Што ако Хејли сепак е девојката со која ќе се оженам еден ден? Не сакам да бидам со друга и еден ден ќе морам да се справам со тоа. Таквите работи тешко се преживуваат“, изјави во една прилика Џастин.

Извори блиски до познатиот пејач изјавија дека тој секогаш имал силни чувства кон Хејли и дека и двајцата се познаваат многу добро, па нивната свадба всушност не е непромислен каприц.

Џастин и Хејли наскоро ќе имаат и црковна свадба,пишува „Пипл“.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*