Спире Јовановски со ново прво инструментално ЦД

Младиот професор по музичка уметност од Битола Спире Јовановски неодамна го пласираше своето прво инструментално ЦД. Новиот материјал се состои од осум инструменталки, поточно македонски народни песни. Инструменталките Спире ги свири на дувачките инструменти кларинет и саксафон.

-Ова е моето прво ЦД. На него има не само нови, има и стари преработени македонски ора. Па се надевам ќе се допадне на нашиот народ. Промоција сеуште нема ова ЦД. Промоцијата ќе биде кон крајот на октомври, заедно во соработка со ИН продукција, истакнува Спире.

Спире за ова ЦД бележи соработка со врвни музички имиња од македонската сцена, како маестро Милан Завков, Илија Филиповски, Коста Стеваноски и многу други, како и членовите на групата “Плетенка” со кои Спире бележи заедничка соработка и настапи.

Помеѓу другото Спире најавува снимање и на видео записи за некои од инструменталките на новото ЦД, во соработка со ИН продукција.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*