Група “Соната” седумнаесет години на македонската музичка сцена

Велешката група “Соната” опстојуваат цели 17 години на македонската музичка сцена, при што зад себе бележат голем број испеани македонски песни, како и издаден албум. Оваа група е постојана на голем број фестивалски настапи , но и приватни забави и веселби, каде се доста барани.

-Седумнаесет години работиме заедно. Сесма случајно. Како велат, убавите работи  и некако сами коцките се вклопуваат. Така беше и нашата група. Сосема случајно, колеги,aјде ќе направиме група. Јас и клавијатуристот  Тале веќе настапувавме како дуо. Ни понудија и со задоволство прифативме, затоа што вкусовите за музика ни се исти. Карактерно некако се пронајдовме, едноставно убавите работи сами по себе се редат, додава Кате, женскиот вокал од групата Соната.

Групата “Соната” во изминатиов период е се почесто барана на семејните забави.

-Навистина ги сакаме тие забави, бидејќи е убаво дасе биде дел од една вечер да се направи среќни и расположени луѓе кои се на свадбата или веселбата, додава Кате.

Најчесто нивните забави се во Скопје, но последниве две до три години се барани буквално низ цела Македонија.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*