Гостиварските “Фаворити бенд” со нова песна за идните невести

“Невеста бела самовила” е најновата песна од гостиварските “Фаворити бенд”.  “Фаворити” настапија со оваа песна на годинешното издание на Лешок фест 2018 година. Како што истакнуваат песната наишла на добар прием пред публиката, особено кај младите моми, како идни невести.

Од бендот истакнуваат надеже дека за скоро време песната ќе биде обнародена и изведувана на свадбените веселби каде што ќе настапуваат, со оглед на тоа што групата “Фаворити” е доста барана на свадбени и други веселби.

Автори на песната се Горан Баче Трпески-музика, Драган Матески –текст и аранжманот е на Љупчо Соколоски Бубе.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*