Благоја Грујовски има голем репертоар изворни песни но најмалку видео записи

Фолкерот Благоја Грујовски најмалку што милува е да снима видео записи. Особено како што вели, тоа му е слаба страна што не ја милува многу.

-Јас сум многу тенок , морам да признаам во таа област. Некако немам желба да снимам спотови, а тоа е неопходно. Имам многу малку спотови снимано. И кога треба да ги снимам секогаш одлагам. Често се случува песната да ја снимам сега и после три години спотот. Тоа беше случај со “Ој, невесте” и со други песни, истакнува Благоја.

Благоја, не ја исклучува варијаната за снимање на спотови како на поп пејачот Владо Јаневски, да не се појавува во спотовите. Како што додава, нека го снимаат други спотот а мојата песна нека оди во позадина.

-Не сум многу одушевен да излегувам пред камера и не сум љубител на тоа. Има сега глумци и манекени кои може да снимаат , истакнува Благоја, додавајќи дека може да се направи приказната а него да го нема во спотот.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*