Фолкерката Ирена на кратка турнеја во Австрија

Познатата македонска фолкерка Ирена Спасовска најавува настап надвор од границите на нашата земја. Имено, на 22 септември Ирена ќе пее во Линз, Австрија во организација на МПЦО Св.Димитриј во Линз. Најавената кратка турнеја на Ирена ќе биде неколку дена, кратко но убаво.

-Ваквите настапи во Европа од ваков тип по 3-4 дена ми се јанубави, биејќи еден ден пеам а другите денови уживм во убавините во зависност во која држава одам. Австрија ја сакам, особено Виена како една голема метропола. Ги поканувам сите што имаат можност да дојдат, бидејќи јас и мојот бенд од Охрид ќе ддеме се од себе да направиме забава за паметење, вели во својата кратка изјава за ИН, Ирена.

За напоменување е дека Ирена летниот период го одбележа со бројни работни ангажмани, настапи на бројни веселби буквално низ цела Македонија.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*