Петар Јованов музичар кој докторирал музика во Австралија

Петар Јованов е млад музичар, кој работи како композитор и докторирал музика во далечната Австралија , каде што живее.  Слабост му се инструменталките како и филмската музика, но Петар настапува и свири на свадби и други свечености. Тој годинава се запознава со охридскиот виолинист Џеват Рамаданоски со кој оствруваат заедничка соработка на музички план, со трајни вредности.

-Со Џеват се запознавме на концетот на Наум Петрески. Тоа баш беше едно интересно запознавање, преку едни наши заеднички пријатели, Омер и Беби Зекироски кои имаат филмска продукциј и снимаат многу успешни проекти. Се роди една идеја да соработуваме за еден многу интересен проект, истакнува Петар.

Петар е роден битолчанец, но од многу мали нозе заминал во далечната Австралија каде денес ја негува и создава македонската музика. Честопати доаѓа во родната земја.

-Правам една фузија со македонска музика со корените, во смисла на мултимедија, филмска музика и така натака. Овој проект беше многу интересен и мислам дека на публиката ќе и се допадне, додава Петар.

Џевад и Петар во заедничка соработка направија инструментални верзии од двете познати антологиски македонски песни “Налеј, налеј” и “Со маки сум се родил”, кои звучат беспрекорно во изведба на пијано и виолина.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*