Мартин Стојаноски : Денот неможам да го замислам без фудбал

Секој слободен момент го користи да замине на некое мирно место и убаво да се одмори. Мартин Стојаноски открива денот неможе да си го замисли без играње фудбал.

Македонските музичари периодов се доста зафатени со бројните настапи најчесто на семејните прослави низ целата земја, но сепак повеќето од нив пронаоѓаат време и малку да се одморат или рекреираат. Мартин Стојаноскии при гостувањето во ИН Продукција истакна дека секој слободен момент го користи да замине на некое убаво место.

-Морам бидејќи напорно е во работни денови се случува  некои свадби да свираме во нашите соседни градови и малку ми дојде напнато но тоа ни е работата нас, мора да се издржи.-вели Мартин.

Тој во емисијата “Промо” открива како поминува еден вообичаен ден за него и без кои заодоволства неможе да си го замисли истиот.

-Станувам и пијам кафе со другари, се договораме вечерта за фудбал, спорт без кој неможам. Спортував пред да станам музичар, околу 9-10 години тренирав фудбал, па спонтано заминав во музичките води, ама фудбалот како спорт ми е ептен на срце, тоа е нешто без кое неможам, исто без дружба со другарите.-раскажува пејачот.

Инаку, Мартин пред извесно време во студиото на ИН Продукција ги промовира неговите најнови кавери, а за следниот период најавува снимање на авторско оро.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*