Спасе, горд татко на двете близначиња Дарија и Давид

Животот целосно му се измена откако стана татко на двете преслатки близначиња Давид и Дарија. Фолк пејачот Спасе Матлијоски периодов ги поминува  најубавите моменти од неговиот живот заедно со сопругата Соња како горди родители.

-Давид и Дарија се викаат. Одмор ова лето за мене е кога сум некаде на свирка, не дома. Тоа е одморот, а дома сме цело време со обврски и сигурно нема да има време за одмор на море некаде, како што претходно одевме секоја година. И поради таа причина сега со децата сум зафатен и зимава најверојатно ќе бидам тука. Имав некои понуди за надвор од нашата земја, меѓутоа не можам толку долго да отсуствувам. Може за некои пократки низ Европа , за празниците, меѓутоа за Австралија и Америка, ќе ги поместиме малку од пролет натака, истакнува Спасе.

Како што додава Спасе, неговиот живот е сосема променет со доаѓањето на близначињата Давид и Дарија. Чувството е многу убаво , повеќе се занимаваме со нив дома а излегувам многу ретко освен на настапите и свирките, вели Спасе. Тој не ја исклучува можноста за поактивно снимање на нови песни и работни ангажмани откако тие малку ќе потпораснат.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*