Васко Ангеловски голем афирматор на македонската песна и традиција во далечната Австралија

Далечната 1982 година заминува од родниот Охрид за да живее и твори во далечната прекуокеанска земја Австралија и речиси цели 36 години од таму мислите му се постојано насочени тука во родната земја која ја оставил зад себе. Охриѓанецот Васко Ангеловски, со право може да го понесе епитетот афирматор на

македонската култура , традиција и вредности во далечната Австралија, а пред се ако се има во предвид и манифестацијата која секоја година ја организира во Австралија, како претседател на Македонското социјално друштво Св.Наум Охридски, позната ако “Охридски бал”. Периодов , Васко престојува во својата татковина, поточно во родниот Охрид, при што искористивме прилика да направиме разговор со овој еминентен почитувач и подржувач на македонската култура.

-Пред се ги поздравувам гледачите на оваа убава наша македонска телевизија. Чувството е прво големо што јас се чувствувам македонец, охриѓанец. А за чувството кога сум дома, немам зборови. Дома си е дома, вели Васко, дополнувачки дека постојано е во средби со своите блиски, роднините и пријателите.

Како што истакнува Васко, македонското социјално друштво Св.Наум Охридски постоело од поодамна, но во помали рамки. Денеска ова друштво активно работи со афирмација кон својата татковина. Планот и целта на самите почетоци од ова друштво биле помош на родниот град, конкретно Охрид. Годинава друштвото одбележа јубилеј од 35 години постоење, со прекрасен гала охридски бал во преубавиот Емерал Ресепшн во Мелбурн,  Австралија.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*