Арена бенд презадоволни од соработката со ИН Продукција

Арена бенд презадоволни од соработката со ИН Продукција. Тие при интервјуто за ИН ТВ најавуваат и снимање на нови кавери во најскоро време.

Момците од Арена бенд се презадоволни од соработката со ИН Продукција. Тие пред извесно време токму во студиото на ИН, претставија неколку сплетови со познати македонски хитови, а велат дека нивните ангажмани се зголемиле веднаш по тие кавери.

-Па според реакцијата на публиката и според промоцијата на нашите преработки кои што ги направивме во ИН Продукција досега имаме многу добар фидбек да кажам и многу добра придобивка. Кај луѓето има голема заинтересираност за нас, посебно поради тие стари македонски песни што ги направиме во ИН. Можам да кажам се најдобро и сите пофалби за тимот на ИН продукција.-истакна Сашко Пејовски, вокал  на бендот.

Арена бенд во моментов ги подготвуваат и новите кавери кои ќе бидат промовирани во најскоро време.

-Во подготовки сме за нови кавери, па би требало накај месец октомври-ноември да ги снимиме веќе со ИН Продукција.-открива Горан Мирковски.

Инаку, периодов бендот има бројни ангажмани и настапи на разни фамилијарни прослави низ нашата земја, а за следниот период како што велат, не ја исклучуваат можноста да отпатуваат и надвор од границите на Македонија.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*