Џеват бележи уште една успешна австралиска турнеја со нови пријателства и проект

Во рамките на годинешната голема австралиска турнеја на фолк легендата Наум Петрески и Зуица Лазова, дел беше и познатиот охридски виолинист Џеват Рамаданоски, кој воедно е и дел од охридската група “Чардак”. Впечатоците од таа голема турнеја сеуште се свежи а импресиите на Џеват се големи како и привилегијата што токму тој беше дел од оваа турнеја на ова големо музичко име на македонската фолк естрада.

-Седум недели ни поминаа многу пријатно, многу добро, со концерти со дружење, со стари и со нови пријателства. Многу сум задоволен од турнејата што ја имавме заедно со големиот Наум Петрески, Зуица Лазова, Илија Тотовски Тота и оркестрите “Легато бенд” од Мелбурн, од Перт колегите. Се родија и нови пријателства. Тука е мојот пријател Петар Јованов од Австралија. Целта на ова гостување е нашата зедничка сорботка на нов проект, истакнува Џеват.

Она што е заедничко помеѓу Џеват и Петар, покрај нивното ново пријателство, тука е и нивниот нов проект на музичко поле, двете инструменталки со ултра модерен призвук и примеси на балканска музика, или поточно кажано македонски звуци со испреплетени модерни сегменти. Џеват и Петар направија ремикс од двете познати македонски песни “Со маки сум се родил” и “Налеј, налеј” во една поинаква верзија која заслужува да биде слушната и видена преку видеото кое се изработи во далечната Австралија.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*