Рубин Благадуша : Нема каде да го пласираме она кое што го работиме

Рубин Благадуша го истакна незадоволството од како што вели недоволната промоција на македонската музика. Тој вели дека надалеку прочуената македонска песна, за жал нема доволно медиумска поддршка од националните телевизии во Македонија.

Фолк пејачот Рубин Благадуша при гостувањето во емисијата “Промо” го истакна неговото незадоволство од недоволната промоција на македонската песна низ медиумите во нашата земја. Еве го неговото мислење.

-Не, значи искрен да бидам немаме никаква промоција на она што сакаме и што го работиме да можеме да го презентираме пред нашите гледачи. Единствено ИН ТВ и ИН Продукција, додека националните телевизии гледам дека воопшто не се заинтересирани за нашата македонска музика. Сум бил во Србија и искрен да бидам како само ние во Македонија да не си ја почитуваме нашата песна, но зошто во Србија кога може да се слуша македонската музика, нека се слуша и кај нас.-вели Благадуша.

Според него добро би било да има една национална телевизија која ќе биде наменета само за промоција на македонската музика, а со тоа македонските музичари ќе имаат место каде што ќе може да ги пласираат своите нови музички дела.

-Треба да имаме една добра национална телевизија во Македонија која според мене треба да биде наменета како фолклорна телевизија еве како ИН ТВ, која што ќе оди на сите кабелски оператори, така да непречено да биде тоа за може секој гледач да го види она што ние го работиме како пејачи или како музичари бидејќи навистина интересно е тоа што некои од нашите слушатели не се запознаени воопшто со некои песни кои што ние ги работиме, а тоа мислам дека не е добро бидејќи ние како музичари вложуваме, се трудиме и нешто да направиме подобро за нашата публика.-додава пејачот.

Рубин се надева дека во најскоро време ќе се реши и овој проблем, па промоцијата на македонската музика конечно ќе може да оди во нагорна линија.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*