Методија со награди на фестивалските настапи

Како што претходно информиравме во музичките вести на Естрада плус, за сите фестивалски настапи на младиот Методија Столески, сега веќе овој стружанец може да се пофали и со фестивалски награди. При

неговиот настап на “Пирин фолк” во соседна Бугарија од страна на уметничкиот директор на фестивалот на Методија му беше доделена специјална награда за најдобар пејач на детскиот дел од фестивалот. Таму, Методија ја отпеа песната “Три пиринки”.

Исто така при неодамнешниот настап на Охрид фест- Охридски трубадури, Методија ја доби наградата за најдобар дебитант. На овој фестивал Методија настапи со песната “Мостови” а воедно имаше и сценски настап пропратен од страна на КУД Илинден од Струга.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*