Лејди Гага и Бредли Купер го претставија нивниот нов филм во Торонто

По нејзиниот триумф во Венеција, поп-ѕвездата Лејди Гага и актерот Бредли Купер го претставија својот нов филм „A Star Is Born“ на филмскиот фестивал во Торонто, Канада.

Во филмот, кој е римејк на романтичниот мјузикл од 70-тите, Гага ја игра младата пејачка Алис, чиј талент беше откриен од популарниот музичар Џексон Мејн.

Неговата улога ја игра Бредли Купер, кој исто така е продуцент на филмот.

Филмот ќе биде пуштен во кината во САД на 5-ти октомври.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*