Сашко Пејовски : Ова лето беше едно од најдобрите за Арена бенд

Арена бенд се презадоволни од тоа како поминува оваа летна сезона за нив. Тие откриваат дека имаат веќе резервирани настапи за следната 2019-та година.

Момците од Арена бенд иако се релативно млади и нови на сцената, тие се доста барани на семејните прослави. Од бендот при неодамнешното интервју за ИН ТВ откриваат дека покрај бројните настапи кои ги имаат периодов, веќе имаат и 10 резервирани свирки за следната година.

-Во моментов свириме само на приватни забави, односно свадби. Резервирани сме и веќе сите термини ни се полни до крај на сезона. Веќе имаме пазарено и неколку свирки за наредната 2019-та година. Сега засега е супер, се надеваме дека ќе одиме само напред и дека ќе имаме многу повеќе такви забави бидејќи тоа е едно ниво подолу од најголемата успешност на еден бенд.-истакна за естрадниот магазин “Естрада плус”, Сашко Пејовски, вокал на бендот.

Сашко вели дека се презадоволни од сезоната и дека ова лето им било едно од најдобрите досега.

-Ова лето ни беше едно од најдобрите, ако не и најдобро. Како што кажав досега сме резервирани, термините се исполнети за скоро цела сезона со неколку паузи.-додава Пејовски.

Инаку, момците од Арена бенд во соработка со ИН продукција снимија спот за нивната најнова песна која носи наслов “Мајка”. Спотот се очекува да биде промовиран на сателитската ИН ТВ во најскоро време.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*