НОВО ! Дали го погледнавте новиот видео запис од Кристијан Тасевски?

Дали го погледнавте и дали ви се допадна новиот видео запис од Кристијан Тасевски за песната “Земја Световна”?!

Кристијан Тасевски го промовира новиот видео запис за песната “Земја Световна”. Снимањето се одвиваше околу Велешкото езеро и околината на Велес, во соработка со ИН Продукција.

-Очекувањата се дека песната ќе и се допадне на публиката и заедно со спотот ќе си го пронајдат своето место во македонската музика.-истакна Кристијан, ексклузивно за Естрадниот магазин “Естрада плус”.

Орце Гелевски, Ели Танасковска и Дејан Момировски се тимот кој се погрижи за песната.

Инаку, преку стиховите на песната “Земја Световна”, се опишуваат сите убавини со кои изобилува нашата земја, а истата е проект поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*