Миленичето Луна внесе посебна енергија во домот на фолкерката Ирена

Посебно внимание фолкерката Ирена Спасовска заедно со својата ќеркичка обрнуваат на своето домашно милениче кучето Луна, кое го негуваат со особено внимание и грижа. Тоа во нашиот дом внесе една поинаква енергија и ни донесе преголема радост, вели Ирена.

-Не верував дека толку можеме да се приврземе за кученцето Луна. Тоа е слатко мило кученце.си правиме планови со ќерката , кој кога да биде дома, да го чува. Потоа кога ќе дојде време за настап во Скопје ми е полесно, додека ако е подалеку ми е малку поограничено временски, мора да се патува. Па да бидеме расположени за настапот, истакнува Ирена.

Темпераментот кој го поседува Ирена, го пренесува и јавно при нејзините настапи низ целата земја. Особено покрај преголемиот работен летен период на Ирена, таа продолжува и понатака со бројни работни ангажмани и во овие денови од месец септември. Најсреќна сум кога пеам, колку и да сум мрзоволна или нерасположена, секогаш кога ќе почнам со пеење  тоа ми дава енергија, додава Ирена.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*