Елтон Џон става крај на музичката кариера

Сер Елтон Џон става крај на неговата 50-годишна музичка кариера со проштална светска турнеја, објавија СНН.

Турнејата “Збогум жолти тули” ќе заврши во 2021 година и ќе покрие пет континенти. Првиот од планираните 300 концерти ќе се одржи во Пенсилванија.

70-годишниот музички магнат веќе најави дека, иако ќе запре со своите концерти по турнејата, тој ќе продолжи да твори музика. Пејачот рече дека неговата одлука е диктирана од неговата желба да помине повеќе време со своето семејство.

Елтон Џон е оженет со Дејвид Фурниш, со кого има две деца на 7 и 4-годишна возраст. За време на неговата кариера, Сер Елтон Џон има над 4.000 концерти во повеќе од 80 земји низ целиот свет, 31 платинест и 38 златни албуми.

Неговиот сингл “Свеќа на ветрот” од 1997 година – напишан за трагичната смрт на неговата блиска пријателка, Лејди Дајана, е најпродаван во историјата на музичката индустрија.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*