Групата “Соната” претставува бренд на велешката староградска песна

Бренд на староградската велешка песна но и на македонската, со право може да се каже дека е групата “Соната” која доаѓа тoкму од градот Велес. Тие своите почетоци ги бележат со македонска народна песна, особено до велешкото поднебје, за кои оставија и траен белег преку препејување на неколку песни познати од овој староградски мелос.

-Во Велес песните се многу познати и верувајте дека нема прослава, забава каде што не се пеат тие песни. Тие ги препеавме можеби пред 12тина години и внимателно се одбрани и внимававме многу кога се правеа аранжманите и во однос на пеењето од моја страна, затоа што сакавме да го задржиме тој староградски мелос, да ја задржиме песната како што е, затоа што младите генерации да можат да ја научат како што е. И понатаму кога препеваме таква музика многу внимаваме на тоа, затоа што навистина многу се убави песните, толку се со богат аранжман направени, каде што нема потреба ние да ги менуваме, истакнува Кате, женскиот вокал од групата “Соната” од Велес.

Притоа како што додава Кате, велешкото поднебје е богато со староградска песна која треба и понатака да се пренесува и негува на помладата популација. Групата “Соната” неодамна имаше свој настап на фестивалот Охрид Фест- Охридски трубадури каде ја однесе втората награда од стручното жири.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*