Џеват Рамаданоски со две антологиски инструменталки во поинаков призвук

Антологиските песни “Нелеј, налеј” и “Со маки сум се родил” во едно поинакво инстументално дело преточени преку виолината на охридскиот виолинист Џеват Рамаданоски. Џеват на годинешната австралиска турнеја ја искористи приликата како и новото познатство со Петар Јованов кој е музичар за заедничка соработка и изработка на нови две музички дела.

-Со Петар се запознавме во Рокдајл во Сиднеј каде што го имавме првиот концерт. Идејата беше на нашите заеднички пријатели Омер и Беби, додека сум таму да снимиме нешто што би останало , како нешто ново во македонската сцена. Се работи за две композиции кои успеавме за рекордно време од еден ден да ги снимимево неговото студио. Тоа се двете традиционални народни песни, “Налеј, налеј”  и “Со маки сум се родил”. Песни кои сите ги знаме. Изведбата е интересна. Инструментална изведба на пијано и виолина. Мене веднаш ми се јави идеајата за тоа како треба да звучи клавирот и виолината за народни песни, но изведени на класичен начин, истакнува Џеват.

На некој начин двете инструментални антологиски дела претставуваат фузија помеѓу класичната и народната музика. Џеват лично е презадоволен од двете дела, за кои успеа да реализира и видео записи за двете инструменталки додека беше во Австралија. Снимателот на спотот за песната “Со маки сум се родил”, Беби Зекировски е номиниран за награда за камера во спотови од австралиската асоцијација на сниматели. Изборот за ваквата награда ќе се одржи во месец ноември.

 

Младиот Петар Јованов кој потекнува од Битола но долги години живее во Австралија , е музичар кој особено изработува бројни композиции , инструментални.

-Кога го изработувме овој проект со Џеват и кога им го прикажав проектот на блиски мои пејачи, пројавија интерес за соработка на вакво дело, со сличен стил. Ја прифатив соработката па откако ќе се вратам во Австралија ќе продолжам. Претежно компонирам некои фузични работи но секогаш сум отворен за соработка, додава Петар.

Како што истакнуваат Џеват и Петар заедничката соработка ќе продолжи и понатака при што не ја исклучуваат можноста за заокружување на еден цел албум со вакви инструменталки.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*