“Со птиците и кучињата” уште еден голем хит од Гоце Петрески

Песната “Со птиците и кучињата” е уште еден голем хит отпеан од извонредниот Гоце Петрески. Како што истакна тој при неодамнешното гостување во ИН Продукција, песната е доста барана од страна на публиката, посебно во Австралија.

“Со птиците и кучињата” е само еден од многубројните хитови кои ги има отпеано познатиот фолк пејач Гоце Петрески-Бананата. Тој во емисијата Промо истакна дека е презадоволен од оваа песна бидејќи е премногу барана од страна на публиката на неговите настапи, а радува фактот што во последно време ја пеат и помладите пејачи.

-Песната беше позната во Австралија, снимена е пред околу 7-8 години. Беше креирана од Владе од Мелбурн и Наум Трајчески од Канбера, тие беа текстописци на таа песна. Музиката мислам дека беше од Тоде Новачески од Мелбурн. Беше снимена пред долго време и со дозвола на авторите, ја снимив јас и ете на некој начин доста добро е прифатена. Текстот навистина допира до секого и јас си се пронајдов во таа песна во текстот, малку сум носталгичен за Македонија и ми беше мило што народот доста добро ја прифати и направивме еден видео запис што баш ја долови песната и темата на песната како што треба. Имав доста добри и позитивни коментари за таа песна.-открива Гоце Петрески, за естрадниот магазин, “Естрада плус”.

Инаку, во моментов Гоце е при крај со подготовките за новиот албум, на кој ќе се најдат 12 песни, од кои и дует со познатата фолк пејачка Анета Мицевска од Молика. Албумот како што вели тој, ќе биде промовиран во најскоро време.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*