Незаборавна забава пред нашинците во Швајцарија

По повод големиот верски празник посветен на Пресвета Богородица , прекрасна и незаборавна вечер приредија Сузана Гавазова, Ице Атанасовски, Гоце Костоски Пејак и Александар Ристовски во Швајцарија, пред нашинците во оваа земја. Тие пред се имаа одличен настап пред преполната сала во која се бараше и место повеќе за да се биде дел од оваа неповторлива забава.

Забавата започна со концертен дел каде изведувачите се претставија со свои авторски дела од нивните албуми , по кое следуваше голем и долготраен аплауз.

-Многу е убавo кога гледаш весела публика. Мило ми е што македонската музика се негува и пее од срце со дигнати раце и знаме во рака, изјавува познатиот македонски саксафонист Ице Атанасовски.

На забавата свое присуство имал и познатиот менаџер во цела Европа, Хари Сековски кој оваа година има јубилеен концерт со врвот на македонската естрада.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*