Фреди Меркјури е најдобар пејач на сите времиња

Британскиот  пејач Фреди Меркјури е најдобриот пејач во историјата, се наведува во истражување на австриски, чешки и шведски научници, објавено во списанието „Логопедикс Фониjатрикс Воколоџи“.

Фреди Меркјури е роден на денешен ден 1946 година во Занзибар, а почина во 1991., по компликации со СИДА-та од која боледуваше.

Беше основач и член (до својата смрт) на рок-групата „Квин“, формирана 1970 година.

Групата научници не го тестирале урбаниот мит дека Меркјури имал распон на гласот од цели четири октави, но открија други занимливости.

Имено, анализирајќи негови изведби и шест интервјуа, и имајќи го предвид сознанието дека тој важел за тенор, стручните лица заклучиле дека тој всушност бил поблиску до баритон.

Просечната фреквенција на неговиот глас е 117,3 херци, експертите издвоиле 4.132 фрејмови во секунда, за точно да утврдат како на Фреди му успевало тоа.

Заклучиле дека неговите гласни жици побрзо се движат отколку кај останатите луѓе.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*