Рубинчо Благадуша си оформи “Позитив бенд”

Рубинчо Благадуша си оформи бенд кој го носи името “Позитив”. Тој вели дека оформувањето на бенд било непходно, а иницијатор бил Виктор кој свири клавијатура во бендот.

“Позитив бенд” е името на неодамна оформената група која што ќе го прати познатиот фолк пејач Рубинчо Благадуша на сите негови јавни настапи. Тој при гостувањето во емисијата “Промо” истакна дека оформувањето на бендот било неопходно, бидејќи во последно време е доста баран на разни семејни прослави.

-Се случија некои преговори и поради моите потреби да бидам искрен и моите настапи ми требаше бенд кој што ќе ме прати, односно да знаеме што работиме и што свириме. Така да се оформи група која што се вика Позитив. Тука го имаме на клавијатура Виктор, кларинет, саксофон и гајда е Ивица, на гитара Кристијан и на тапани Александар.-појаснува Благадуша, при интервјуто за ИН ТВ.

Иницијатор за оформување на бендот, како што вели Рубинчо бил Виктор, еден од членовите на “Позитив бенд”.

-Па искрен да бидам јас малку повеќе сакав побрзо да се направи овој бенд, но идејата беше во последно време на Виктор и така седнавме, одлучивме и се договоривме да почнеме да функционираме бидејќи во последно време нашата публика за разни веселби повеќе не бараа, така да поради моите потреби јас сакам да бидам во сигурни раце, односно да знам кој ме прати и со кого работам.-додава тој.

Рубинчо во моментов го подготвува и неговиот нов албум, на кој ќе се најдат околу 12-15 песни. Промоција на албумот е планирано да се направи кон крајот на месец ноември.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*