НОВО !!! Елена Јовческа и Модус бенд го промовираа спотот за песната “Џемиле мори Реканко”

Дали го погледнавте и дали ви се допадна новиот спот од Елена Јовческа и Модус бенд за песната “Џемиле мори Реканко” ?

Елена Јовческа и Модус бенд го промовираа спотот за нивниот нов заеднички дует Џемиле мори Реканко. Спотот се снимаше во прекрасните предели на селото Зовиќ кое се наоѓа во Мариовскиот крај.

-Сите ние добро знаеме со какви предели располага нашата прекрасна земја Македонија и дојдовме до заедничка идеја да го одбериме ова навистина посебно место, а посебно затоа што располага со прекрасни терени, тука се мостот, старата воденица, етно куќата и мислам дека гледачите ќе бидат задоволни од сето она кое што го снимивме и во секој случај мислам дека ќе биде добро прифатено кај секој.-истакна при неодамнешното интервју, Никола Кочан, вокалот на Модус бенд.

Станува збор за преработка на стара песна од Реканскиот крај, која Елена и група Модус ја носат во едно поинакво светло, а спотот е во филмувана верзија.

-Самата песна си има и своја приказна за познатата Џемиле, девојка од прекрасниот Реканскиот крај и на некој начин сакавме да го доловиме текстот со тоа глумење, како се кини ѓерданот, како му го кини елечето итн. Несакам да откривам многу, мислам дека ќе биде навистина прекрасен спот.-додава Никола за естрадниот магазин, Естрада Плус.

Спотот го изработи ИН Продукција, а можете да го погледнете во продолжение !

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*