Елена Велевска драстично се промени

Фолк дивата Елена Велевска, редовно објавува фотографии на социјалните мрежи и ги информира своите следбеници за нејзините работни ангажмани.

Како што и самата изјави при неодамнешното интервју за естрадниот магазин-Естрада плус, „Животот оди понатаму…“, таа продолжува со нејзиниот живот и професионалните активности, но се одлучи и за драстична промена, овој пат на нејзината коса.

Таа ја промени својата руса коса, а преку фотографиите на социјалните мрежи го покажа новиот стајлинг и доби низа позитивни коментари од јавноста и нејзините обожаватели.

Велат дека кога жените ја менуваат фризурата, тогаш им се случува некоја промена во животот, што во случајот на познатата пејачка се покажува како точно.

Елена навистина изгледа прекрасно, а во тоа може да се уверите и од нејзините фотографии !

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*