Нови кавери најавуваат момците од Арена бенд

Момците од Арена бенд, за следниот месец ги најавуваат и новите кавери кои се подготвуваат во моментов. Тие деновиве снимија спот за нивната авторска песна “Мајка”, кој ќе биде промовиран во најскоро време на сателитската ИН ТВ.

Деновиве снимија спот за нивната најнова песна која носи наслов “Мајка”, а веќе работат на нешто ново. Момците од Арена бенд при неодамнешното интервју за ИН ТВ ги најавуваат новите кавери кои ќе бидат промовирани во најскоро време.

-Во подготовки сме за нови кавери, па би требало накај месец октомври-ноември да ги снимиме веќе со ИН Продукција.-открива Горан Мирковски.

Арена бенд пред неколку месеци промовираа видео проект со кавери на познати хитови, а при интервјуто го истакнаа и нивното задоволство од успешната соработка со ИН Продукција.

-Па според реакцијата на публиката и според промоцијата на нашите преработки кои што ги направивме во ИН Продукција досега имаме многу добар фидбек да кажам и многу добра придобивка. Кај луѓето има голема заинтересираност за нас, посебно поради тие стари македонски песни што ги направиме во ИН. Можам да кажам се најдобро и сите пофалби за тимот на ИН продукција.-вели вокалот на бендот, Сашко Пејовски.

Инаку, момците од Арена бенд во моментов се доста ангажирани со настапи најчесто како што велат, на фамилијарните прослави.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*