Милан Станковиќ на геј плажа во Барселона

Фолк-пејачот Милан Станковиќ е сликан додека се сонча на геј плажа во Барселона, Шпанија. Српскиот портал „Курир“ објави папарацо фотографии и видео од пејачот направени на плажата, на која Милан бил со неколку свои пријатели.

Според порталот, Станковиќ на плажата пристигнал околу пладне, но си заминал по неполн час, откако, наводно, сфатил дека е на геј плажа.

„Не знам дали Милан случајно или намерно одбра токму геј плажа, за која сите знаат дека е тоа. Многу пристојно се однесуваше. Дојде со двајца другари. Беше расположен, но не се задржа долго“, рекол за „Курир“ мажот кој бил во близина на пејачот и кој ги испратил фотографиите и видеото до порталот.

Иако медиумите во Србија повремено пишуваат дека Станковиќ е хомосексуалец, тој ги демантира.

„Дали сте нормални? Нема да коментирам глупости, не е ни прв ни последен пат малициозно да ме доведуваат во тој контекст. Тоа е мојот коментар, ви благодарам на сè“, рекол Милан за „Курир“ откако од него побарале коментар за денот поминат на нудистичка геј плажа.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*