“Фати се Бое на оро” најпознат дует на Сузана и Благоја

Во изминативе години , полни 25 на македонската музичка естрада, фолкерот Благоја Грујовски бележи и бројни дуетски песни. Особено го потенцира дуетот кој пред неколку години го изработија со Сузана Гавазова за малку подзаборавената македонска народна песна  “Фати се Бое на оро”

-Најпознат дует  испадна оној со Сузана Гавазова. Тоа е обработка на една народна песна “Фати се Бое на оро”. На некој начин таа песна се врати во живот. Таа е многу стара песна. Инаку имам и фестивалски настапи со Сузана Јовчева и со Елена Георгиева, многу одамна на валандовските фестивали. Генерално не сум имал многу дуети а баш би сакал да снимам дует со некоја колешка, потенцира Благоја.

Притоа Благоја додава дека имале уште други две дует песни со Сузана Гавазова , кои биле обработки на стари македонски песни, но најголем успех пстигнала песната “Фати се Бое на оро”.  Песната на некој начин се врати повторно на овие народни собири  на кои што се свири народна музика.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*