Милица Тодоровиќ ќе биде кума на свадбата од Стеван

Популарната пејачка Милица Тодоровиќ го запозна својот колега Стеван Анѓелковиќ пред 13 години. Оттогаш познатите пејачи се како брат и сестра.

Стеван овој месец ќе се ожени со Наташа, а како кума за својата свадба ја одбра Милица.

Тој со емотивна порака објасни зошто баш сака Тодоровиќ да биде кума на денот кога ќе се заколне на вечна љубов.

„Зошто? Зошто од првиот ден те гледам како сестра. Затоа што со мене си во добро и во лошо, затоа што ги знаеш сите мои мани и квалитети, моите тајни. Затоа што те сакам таква каква што си, пишувата во пораката која Милица ја сподели на социјалните мрежи со објаснување „кума сум“.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*