Авторско оро најавува Мартин Стојаноски

Мартин Стојаноски најавува ново авторско оро. Тој при интервјуто ни откри и дел од плановите со неговиот бенд.

Ново авторско оро најавува прилепчанецот Мартин Стојаноски, за кое што ќе се сними и видео запис. Тој при гостувањето во емисијата “Промо” потенцираше дека орото ќе биде снимено и промовирано во најскоро време.

-Сега би сакал да поработам на едно оро, бидејќи свирам и клавијатура па сакам да го снимиме тоа оро со мојот колега од бендот, Христијан Стојчески. Да го снимиме тоа, видео запис за него па после тоа авторска песна или пак во меѓувреме и некои кавери со мојата група со дефинитивно македонски песни.-истакна Стојаноски.

Инаку, Мартин неодамна оформи и свој бенд со кој што имаат големи планови за во иднина. Тој открива дека заедно со бендот подготвуваат кавери на познати македонски хитови.

-Нашата група е оформена пред скоро време, планираме нешто во иднина да снимаме и проект, секако и да ставиме име на бендот. Планираме во најскоро време оро да снимиме па и име да ставиме според името на орото. Иначе Иле е басист и пратечки вокал во мојот бенд, еден од поголемите влијателни луѓе во бендот и морам да кажам дека успешно соработуваме и имаме доста заеднички свирки и настапи.-додава тој.

Деновиве Мартин во студиото на ИН Продукција ги промовираше најновите кавери, а станува збор за песни кои што се најбарани од страна на публиката на неговите настапи.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*