Рубинчо Благадуша сними неколку нови видеа

“Јанкулица” и “Девет картала” од Рубинчо Благадуша ќе добијат свое видео. Покрај за овие две песни, деновиве ќе се снима уште еден видео запис за песната “За тебе пеам родино, а сите три видеа се во соработка со ИН Продукција.

Фолк пејачот Рубинчо Благадуша деновиве сними два видео записи, а свое видео ќе добијат неговите песни “Јанкулица” и “Девет картала”. Снимањето помина во одлична атмосфера, а се одвиваше на неколку локации во Македонски брод.

Во видеата се претставени убавините и живописните предели со кои што изобилува нашата земја, па покрај во прекрасните песни на Рубинчо, пошироката јавност ќе има можност да ужива и во убавите спотови.

Рубинчо за естрадниот магазин “Естрада плус” најавува снимање на уште еден видео запис за песната “За тебе пеам родино”.

Трите видео записи се во соработка со ИН Продукција, а во најскоро време ќе бидат промовирани на сателитската ИН ТВ.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*