Боно најави продолжување на турнејата

Фронтменот на славната рок група U2, Боно, изрази надеж дека гласот наскоро ќе му се врати во потполност, односно дека ќе може да ги издржи сите концерти во рамките на актуелната турнеја.

„Бев кај одличен доктор. Среќен сум и смирен, бидејќи не станува збор за ништо сериозно“, рече Боно.

Обожавателите на групата U2 беа видно разочарани, откако концерт беше откажан набргу после започнувањето.

Ирскиот бенд се појави на концертот и изведе неколку песни, меѓутоа, кога почувствува дека повеќе не може, Боно и се извини на публиката.

„Се извинувам, мислам дека не можеме да продолжиме“, рече фронтменот на U2.

На публиката првобитно и беше соопштено дека станува збор за мала пауза, но потоа се информирани дека шоуто сепак нема да продолжи. Боно им вети нов концерт.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*