“Арена бенд” снимија спот за песната “Мајка”

Момците од Арена бенд снимија спот за нивната најнова песна која носи наслов “Мајка”. Спотот се снимаше во живописниот предел на селото Бањани, при што членовите од бендот изразуваат големо задоволство од реализираното.

-Одлично село. Многу стари градби, затоа ја одбравме и оваа локација. Има интересна природа, ретро улички , супер е, истакна Сашко, вокал на бендот.

Како што вели тој, станува збор за песна која што има и интересна приказна, а во која се опишува едно несреќно детство.

-Приказната е за едно несреќно детство на една личност, на која што мајката цело време плачеа и сите нејзини болки ги прикажала низ песната. Околу таа тема се врти целата песна. Детството на личноста, појаснува Сашко.

Во спотот се појавуваат и неколку прекрасни малечки дечиња, од фолклорниот ансамбл “Седенка” кои професионално си ја одработија својата улога.

За напоменување е и тоа дека автор на песната е познат македонски пејач.

-Ова е дело на Спасен Силјаноски. Негова е музиката а текстот е на неговата мајка. Аранжманот го правеше Саше Митковски , а се снимаше в студио кај мене. Голема благодарност и до Филип Нуне, одлично си ја завршија работата, истакнува Горан Мирковски, еден од членовите на бендот.

Публиката и целокупната јавност во најскоро време ќе имаат можност да го погледнат овој прекрасен спот, кој се реализираше во соработка со ИН продукција.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*