Емина Јаховиќ во врска со 18 години постар турски милионер

Скоро сите турски медиуми минативе денови пишуваат за наводната врска на 36 годишната пејачка Емина Јаховиќ и турскиот милионер, 54 годишниот Садетин Саран.

Според пишувањето на тамошните медиуми, Емина со Садетин тајно се гледа нешто повеќе од еден месец, а папараците ја следат во чекор, за да дознаат нешто повеќе од неа.

Поранешниот менаџер на Фенербахче, а денес претседател на Саран Холдинк и Емина се познаваат од порано, но пејачката до неодамна беше во брак со Мустафа Сандал. Меѓутоа, откако се разбеде од Мустафа, со кого беше во брак од 2008 година, нејзиното срце наводно го освоил 18 години постариот милионер, со кого тајно се гледа, како не би биле фатени од папараците.

Емина Јаховиќ пред два дена беше мета на турските новинари, кои пред еден фризерски салон ја чекаа повеќе од три часа. Кога излезе, ја прашаа да ја прокоментира врската со Садетин. Таа бесно ја удри вратата, а потоа еден од новинарите ја праша:

-Зошто се лутите на прашањето за Садетин, а ако не сте во врска, зошто не демантирате?

Од друга страна, Садетин медиумите го начекале на Ататурк аеродромот и на прашањето за Емина, го кажал следното:

-Никогаш не одговарам на овие прашања, па нема ни сега, изјавил тој.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*