Методија Столески бележи фестивалски настапи периодов

Младиот и мошне музички талентиран стружанец Методија Столески во изминатиов период бележи бројни фестивалски настапи. Имено, од 24 до 26 август Методија зеде учество на годинешниот “Пирин фест” со песната “Три Пиринки”. Методија беше единствениот претставник од Македонија а имаше исклучително убава песна со примеси на етно карактер.

Исто така, на 27 август учевствуваше на Лешочкиот фестивал со песната “Срце печалбарско”, каде овој фестивал е од ревијален карактер и нема награди.

Следно за што се подготвув овој млад стружанец е престојниот “Охрид фест” на кој ќе настапи во фолк вечерта со своја песна.

Инаку Методија изминатиов летен период беше постојан со своја свирка на познат локал на струшката ривиера, каде гостите и присутните можеа да уживаат во исклучително преубавите звуци и песни кои ги пееше Методија.

 

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*