Тони Димитриоски и Димитар Митровски со заедничка соработка

Познатиот виртуоз на труба Тони Димитриоски кој живее и работи во Сиднеј, Австралија и младиот хармоникаш Димитар Митровски од Македонија, ги промовираа двата спота за нивните најнови музички остварувања.

-Моето оро е повеќе народен стил и се вика “THE FOREIGN FRENZY. Имињата не се на македонски јазик, “THE FOREIGN FRENZY значи нешто што не е ни од тука ни оттаму. Значи јас сум од Австралија, тој е од Македонија, па најдовме некој начин да се споиме и да имаме соработка.-истакна Тони.

-Аранжманот е повеќе како џез и звучи многу поразлично. Двете композиции се различни, една од друга.-вели Димитар.

Нивната соработка како што велат и двајцата се случила сосема спонтано, а се пронашле на социјалните мрежи.

-Со Димитар се запознав преку фејсбук. Контактиравме и си разменивме контакти. Ни дојде идеја да оствариме една заедничка соработка. Јас доаѓам во Македонија првпат сега за снимања и одмор. Па така и си работиме.-додава Тони при интервјуто за ИН ТВ.

Инаку, веќе е оформен и нивниот оркестар кој се состои од искусни музичари, а следен заеднички настап е во Куманово на 5-ти септември. Од плановите со Оркестарот тие најавуваат и заеднички проект.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*