Рубинчо Благадуша најавува три видео записи и албум

Рубинчо Благадуша најавува снимање на три видео записи. Тој вели дека видеата ќе бидат изработени во најскоро време, а ќе бидат во соработка со ИН продукција.

-Веќе сме во преговори со ИН и ќе излезат неколку видео записи од кои што мислам дека ќе бидат воодушевени сите гледачи бидејќи ќе ги доловиме убавините на Македонија, а нормално и песните.-истакна Рубинчо, во емисијата Промо на ИН ТВ.

Покрај снимањето на видеата, Рубинчо во моментов го подготвува и новиот албум на кој ќе се најдат околу дванаесетина песни.

-Албумот веќе е во тек, се работи на него. Преостануваат уште неколку песни да ги сработиме. Околу дванаесет до петнаесет песни ќе има отприлика на цд-то. Промоција сметаме дека ќе има кон крајот на месец ноември, а нормално и ИН ТВ ќе бидат поканети па ќе имаат можност гледачите да ја погледнат атмосферата од промоцијата.-додава тој.

Рубинчо се надева дека песните и албумот ќе бидат одлично прифатени од јавноста и доста слушани и барани од публиката.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*