Мартин Стојаноски со позитивно мислење за фестивалите

Мартин Стојаноски има позитивно мислење за фестивалите низ Македонија, а при гостувањето во ИН Продукција вели дека во следниот период планира да се се појави на некој од реномираните фестивали.

Добропознат е по бројните настапи и одличните забави кои што ги приредува насекаде каде што настапува. Мартин Стојаноски вели дека во иднина можеби ќе се појави на некој од поголемите фестивали кои се одржуваат во Македонија.

-Првите почетоци ми беа низ Прилепските локали, а инаку сум настапувал на Мел Фест со песната Hero” од Енрике. Подоцна се појавив на Спасовден, а досега не сум настапувал на некои од поголемите фестивали. Имам план да настапам, но сега еве модерно е да се снимаат кавери и авторски песни, па во зависност од тоа како ќе бидат прифатени авторските песни можеби ќе настапам на некој од пореномираните фестивали во Македонија.-истакна младиот музичар.

Како што вели тој, фестивалите се одлично место за промоција на помладите пејачи, па затоа треба да се појават на некој фестивал заедно со неговиот бенд.

-Можеби ќе настам зошто да не, ако е во некој период кога би ми одговарало да се спремам, зошто да не. Тие места се одлични за промоција и треба да се форсираме да се појавуваме на тие фестивали, особено ние помладите пејачи мислам дека треба. Им даваме предност ние на некои други, ама ете така си тече времето, ситуацијата и модерното време. Мислам дека во најскоро време ќе се посветиме на тие фестивали и тоа ќе биде голем плус за нас.-додава тој.

Мартин периодов е ангажиран и на семејните прослави, а вели дека не изостануваат и настапите низ локалите, најчесто во неговиот роден град Прилеп.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*