Карлеуша вистинска тигрица на одмор во Кина

Српската пејачка Јелена Карлеуша ова лето за своја дестинација за одмор ја одбра далечната Кина.

Веројатно заради  новиот клуб на нејзиниот сопруг Душко, кој дресот на турски Бешикташ летово го  замени за кинескиот Гуангжу. А таму, во свој стил, фолк дивата ужива како „кинеска кралица“. Луксузни хотели, спа, базени, плажа…

Карлеуша го покажа сиот свој раскош дури и на далечниот Исток. Бујните атрибути на Карлеуша распослани на влажниот песок исцртан околу неа, како со магично стапче  за миг ја претвори дивата во сирена. Таа има што да покаже, со што да привлече и намами, истакнувајќи ги сите свои телесни адути.

Малку тигрица на суво, малку влажна сирена, Јелена ја покажа сета своја телесна убавина и во далечната Кина!

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*